Лазаров: Победата е убедлива, но воопшто не беше лесна

Алкалоид со една нога веќе е меѓу најдобрите 16 во Европскиот Куп, откако на првиот меч со Горење од Словенија славеше убедлива победа од девет гола разлика (32-23).

По натпреварот, тренерот на скопските сино-бели, Кире Лазаров, го изнесе своето мислење за одиграниот дуел.

„Задоволен сум, презадоволен од резултатот. Видео-анализите се едно, но поинаку е кога тимот што сте го анализирале ќе го видите во живо на терен. Мислам дека стигнавме до превисока победа со оглед на тоа каква екипа имавме за противник, на тркачки и на технички план.
Гледате како одеше резултатот, имавме девет, дојдоа на пет, можеше да се случи да дојдат и на два-три гола разлика.
Се вративме во вистински момент, потоа тие брзаа да дадат голови, а ние го искористивме тоа. Честитки за нашите играчи, треба да се подготвиме и за реваншот во Словенија. Не треба да стравуваме, но никогаш не се знае, затоа мораме да сме подготвени. Како тренер секогаш треба да си внимателен и екипата да биде будна бидејќи малку недостига за работата да отиде во друг правец. Не смееме да дозволиме такво нешто. Победата е убедлива, но воопшто не беше лесна, потрошивме многу енергија за да го скршиме отпорот на противникот“, истакна Кире Лазаров.