Фото: ГРК Охрид
Екипата на ГРК Охрид ја почнува одбраната на шампионскиот пехар во ЕХФ Европскиот куп денеска со натпревар против турскиот тим Спор Тото, во рамките на второто коло од новата сезона во ова европско клупско натпреварување.
Двата натпревари ќе се играат во Охрид. Првиот е на програмата вечерва од 18:30 часот, додека реваншот ќе се игра утре, исто така со почеток во 18:30 часот.
Тренерот на македонскиот тим, Борис Ројевиќ, за денешниот натпревар нема да може да смета на двајца македонски ракометари од поширокиот список на репрезентацијата. Тоа се Филип Талески и Мартин Ивановски.
Отсуството на Филип Талески од тимот ги подгрева шпекулациите за неговото можно заминување, но клубот демантираше дека во моментов се разгледува таква опција.
ГРК Охрид е фаворит за победа на двата дуела со турскиот претставник, во чии редови ќе го видиме и поранешниот играч на ГРК Охрид, а претходно и на Металург, Халил Озтурк.
Вечерашниот натпревар ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена М3 Премиум.