Се разделија Филип Талески и ГРК Охрид

Македонскиот ракометар Филип Талески и ГРК Охрид го раскинаа договорот и своевремено еден од најголемите македонски таленти веќе не е дел од сино-белиот тим од езерото.
Порталот gol.mk ја најави разделбата на Талески и Охрид уште минатата недела, но охриѓани во првиот момент демантираа дека има таква опција.

Но, Талески не беше во тимот за двата европски натпревари на ГРК Охрид одиграни викендов, а сега и клубот потврди дека во четвртокот, еден ден пред првиот натпревар со Спор Тото е договорен прекин на соработката.

Ваквиот расплет е веќе виден за Талески кој минатата година веројатно од исти причини и во истиот период се раздели со Вардар 1961, па подоцна потпиша договор за унгарската екипа Татабања во која ја заврши сезоната.