Утре ждрепка во Виена: Кој ќе им застане на патот на Алкалоид и Охрид?

Комплетирани се сите натпревари од второто коло во ЕХФ Европскиот куп, а 32 екипи што обезбедија пласман во осминафиналето сега ја очекуваат ждрепката, која треба да се одржи утре во Виена.

Процедуарата за ждрепката не е потврдена. Доколку ЕХФ не ја продолжи заштитата со која се спречува меѓусебна пресметка на две екипи од иста држава, според рејтингот на екипите во ЕХФ Европскиот куп можеме да ги поделиме во две групи, односно шешири.
Иако македонските екипи Алкалоид и Охрид ќе бидат фаворити во следната рунда од натпреварувањето, во вториот шешир демнат неколку сериозни противници, пред сè АЕК, Горење, Турда и Винтертур.

Натпреварите од третото коло во ЕХФ Европскиот куп ќе бидат последните во 2026 година и ќе се играат на 21/22 и 28/29 ноември. Следните дуели, од осминафиналето, се на распоредот во февруари 2027 година.

1. ШЕШИР:
Охрид (Македонија), Островија (Полска), Алкалоид (Македонија), Олимпијакос (Грција), Хаукар (Исланд), Темишвар (Романија), ПАОК (Грција), Плер (Унгарија), Тримо (Словенија), Рунар (Норвешка), Бешикташ (Турција), Војводина (Србија), Вослау (Австрија), Дукла (Чешка), БК-46 (Финска) и Берн (Швајцарија).

2. ШЕШИР:
Бистрица (Словачка), Горица (Хрватска), Винтертур (Швајцарија), Полва (Естонија), Драгунас (Литванија), Словењ Градец (Словенија), Горење (Словенија), АЕК (Грција), Ловќен (Црна Гора), Х71 (Фарски Острови), Турда (Романија), Сасари (Италија), Слога Добој (БиХ), Рамат (Израел), Дубочица (Србија) и Волендам (Холандија).