Алкалоид доби тежок противник, Охрид во Литванија по 1/8 финале

Фото: РК Алкалоид/ГРК Охрид

Европската сезона продолжува за екипите на Алкалоид и ГРК Охрид со натпреварите од третото коло на ЕХФ Европскиот куп, кои се закажани за 21/22 ноември, додека реваншите ќе се одиграат на 28/29 ноември. Тоа ќе бидат последните европски натпревари за двата тима во 2026 година. Доколку се пласираат во осминафиналето, следните европски предизвици ќе ги имаат по Светското првенство, во февруари.

ГРК Охрид, кој е бранител на пехарот, и Алкалоид, кој исто така минатата сезона го освои ЕХФ Европскиот куп, денеска ги дознаа противниците за третото коло, односно 1/16-финалето на ова европско натпреварување.

Алкалоид за противник го доби словенечкиот Горење Велење, еден од најсилните можни ривали што можеше да ги извлече. Првиот натпревар ќе се игра во Автокоманда.

ГРК Охрид имаше повеќе среќа на ждрепката и за противник го доби литванскиот Драгунас Клаипеда. Првиот натпревар треба да се игра во Литванија.

Двата македонски тима имаат висок рејтинг и беа во првиот шешир на ждрепката, па така се избегнаа меѓусебен дуел во третото коло. Истата привилегија ќе ја имаат и во осминафиналето доколку обезбедат пласман.