Регионална лига: Матлиески селектираше по региони

Никола Матлиески, селекторот на У16 репрезентацијата на Македонија објави список на ракометари со кои нашиот тим ќе настапи на првиот турнир од Регионалната лига. Таа лига е поделена на неколку групи, а Македонија на трите предвидени турнири ќе игра со соодветните репрезентации на Црна Гора и Косово. Вториот турнир ќе се одржи во јануари во Македонија, третиот ќе биде во Косово.
Потоа, првопласираната ќе игра против првопласираните од другите групи, второпласирана со второпласираните и третопласираната со третопласираните и ќе се добие конечната табела.

Турнирот е во категоријата У16, ракометари родени 2010 и помлади. Во системот на натпреварување на РФМ тоа е кадетската конкуренција, но во рамките на ЕХФ тоа е конкуренцијата пионери.
Никола Матлиески следствено е селектор на пионери, Горан Кузманоски е селекторот на кадетите, а Игор Илиевски на младинците.
Категориите се различни, во ЕХФ постојат У18 (кадети) и У20 (јуниори). Во Македонија во системот на натпреварување У14 се пионери, У16 се кадети, а У18 се младинци.
На репрезентативно ниво, Македонија се прилагодува според ЕХФ.

Селекторот Никола Матлиески и РФМ разработија и одобрија стратегија според која Матлиески своите ракометари кога е Регионалната лига во прашање, на старот ќе ги селектира според регионот.
На овој прв список се ракометари од Западниот и Јужниот дел, па ако обрнете внимание ќе видите дека се повикани ракометари од Битола, Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци. На следниот турнир ќе бидат повикани играчи од Скопје, Велес, Куманово...

Ова за повеќе играчи да добијат шанса, да се провери нивниот квалитет и потоа ќе се спојат најдобрите во една екипа.