Лазаров го скрати спискот за Квалификациите

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави и скратениот список на играчи за настап на првите два натпревари од квалификациите за ЕП 2028. Македонија на 4. ноември во Скопје ќе игра против Луксембург, а на 8 ноември во Халкида против Грција.

На првиот собир во недела во Скопје, нема да бидат сите ракометари. Нема да бидат играчите на Вардар 1961 и Е. Пелистер затоа што Вардар 1961 го закажа дербито со Е. Пелистер на денот на собирот на репрезентацијата.

Тимот ќе се комплетира на 2 новември, во понеделник, а во составот има 18 ракометари плус седум резерви.

Тоа што Луксембург е првиот противник на Македонија, му остава на Лазаров малку простор и да тактизира, па затоа нема да предвидуваме како ќе изгледа и конечниот список за натпреварот во Грција. Прво ќе бидиме како ќе функционираат на натпреварот со Луксембург, на кој ќе треба да дебитира и Димитро Хориха, новиот репрезентативец на Македонија. Најголемото изненадување е изоставувањето на Жарко Пешевски.