Гидсел и Митун во фокусот: Денеска три ракометни преноси

Денеска ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите, во која останува само едно неодговорено прашање околу пласманот на екипите во главната рунда – дали Скандерборг или Динамо Букурешт ќе се пласира во следната фаза.

На Динамо Букурешт му е потребна победа над Монпелје на гостински терен, но и пораз на Скандерборг од Барса на домашен терен.
Два натпревари од Лигата на шампионите и еден од Бундеслигата денеска ќе бидат достапни на ТВ-каналите.

Љубителите на ракометот што сакаат да ги гледаат Матијас Гидсел, Мијајло Марсениќ и другите ѕвезди на Фуксе Берлин ќе можат да го следат дуелот Фуксе Берлин – Партизан на Арена М3 Премиум, со коментар на македонски јазик. Натпреварот почнува во 18:45 часот.

Во истиот термин, на ТВ Арена Спорт 5 Премиум ќе може да се следи дуелот меѓу ГОГ и Спортинг, во кој меѓу другите ќе настапат и две од најголемите млади ѕвезди во европскиот ракомет – Оли Митун и Кико Кошта.

Од 19:00 часот, љубителите на најсилната светска лига ќе можат да го гледаат Симон Питлик и останатите ѕвезди на Фленсбург, кој ќе биде домаќин на Балинген. Овој натпревар ќе се пренесува на ТВ Арена Спорт 1.