РФМ организира турнир за помлади пионери во Скопје

Ракометната федерација на Македонија ќе организира турнир за помлади пионери (У13) од Скопскиот регион, на кој младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети и да се натпреваруваат во спортска атмосфера.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Расадник“ во Скопје, на 31 октомври, во периодот од 10:00 до 17:30 часот.
Од РФМ најавуваат дека во наредниот период вакви турнири ќе бидат организирани и во останатите региони во Македонија, со цел да се опфатат што поголем број деца и да се поттикне развојот на ракометот кај најмладите генерации.
Настанот е дел од активностите на Федерацијата за промоција на ракометот и создавање можности за младите играчи да стекнуваат натпреварувачко искуство уште на најрана возраст.