Алкалоид го закажа двобојот со Горење

По двете убедливи победи над австрискиот клуб Ферлах и обезбедениот пласман во третото коло, екипата на Алкалоид ја продолжува европската авантура со двомеч против петкратниот првак на Словенија – Горење Велење.
Македонскиот клуб го закажа првиот натпревар за 22 ноември (недела), во салата „Автокоманда“, со почеток во 19:30 часот.
Словенците го закажаа реваншот за 29 ноември, во „Рдеча дворана“ во Велење, со почеток во 18:00 часот.