По Нилсен, уште една бомба: Волф си оди Кил?!

Photo: IHF/Kolektiff

По шпекулациите за можен трансфер на Емил Нилсен од Веспрем во Флензбург, кои подоцна не беа потврдени, но ниту демантирани од германскиот клуб, пристигнува уште една вест за потенцијално сензационален трансфер на голман.

Имено, европските ракометни медиуми деновиве сè почесто ја споменуваат можноста Андреас Волф да го напушти Кил. Негова следна дестинација наводно би можел да биде Гумерзбах.

Засега нема ниту официјална потврда, ниту демант на овие информации.