Гумерзбах значително ослабен пред гостувањето кај Е. Пелистер

Еурофарм Пелистер ќе има една сериозна предност на дуелот со Гумерзбах, закажан за 17 ноември во Битола. Германскиот тим ќе допатува без својот најдобар стрелец Никола Рогановиќ, кој заработи повреда на стапалото и ќе паузира пет до шест недели.

Отсуството на Рогановиќ е голем хендикеп за Гумерзбах. Шведскиот бек има одлична сезона зад себе и со 72 погодоци е меѓу најдобрите стрелци во Бундеслигата, а воедно е и најефикасниот ракометар на својот тим.

Ова секако ги зголемува шансите на Еурофарм Пелистер да дојде до посакуваната победа, која би можела да биде исклучително важна во обидот битолчани да ја спасат европската сезона.