-
31.10.2026
-
Македонски ракомет
По првиот триумф оваа сезона, остварен на европската сцена, екипата на Бутел Скопје ја запиша и првата суперлигашка победа. Денеска, на гостувањето во Автокоманда, Бутел Скопје славеше тесна победа над Мулти Есенс (31-29).
Натпреварот беше резултатски неизвесен во текот на сите 60 минути. Бутел Скопје беше за нијанса подобар во првото полувреме и на пауза замина со предност од два гола.
Во второто полувреме, пак, домашните ракометари направија пресврт, во два наврати имаа и три гола предност, како и напад за плус четири, но не успеаја да го искористат моментумот. Потоа следуваше нов пресврт, Бутел повторно го презеде водството, а овој пат успеа да го задржи до крајот и да ја запише првата суперлигашка победа во сезоната.
Дамјан Субашевски со осум и Лука Јовиќ со седум постигнати голови беа најдобрите стрелци на Бутел Скопје. Во екипата на Мулти Есенс, Јован Петрески со осум гола беше најефикасен, а го следеа Немања Џигероски и Горазд Дамчевски со по пет погодоци.