-
02.11.2026
-
Македонски ракомет
Екипата на Вардар 1961 е елиминирана од Лигата на шампионите и ќе се пресели во Плејоф на ЕХФ Европската Лига. Екипата на Еурофарм Пелистер сѐ уште има шанса да се пласира во Плејоф на ЕХФ Европската лига. Доколку битолчани успеат да ја спасат европската сезона, тогаш заедно со Вардар 1961 ќе продолжат во нокаут фаза.
Таму нема заштита од типот две екипи од иста земја да не можат да играат меѓусебе, но сеедно, Вардар и Е. Пелистер нема да можат да се сретнат.
Дури и да се пласира во Плејоф, Е. Пелистер најмногу би бил на второто место, а тоа значи дека ќе биде во вториот шешир. Исто како и Вардар. Екипите од вториот шешир, првио меч во елиминациите ќе го играат на домашен терен, на реваншот ќе бидат гости.
Во плеј-офот ќе учествуваат 28 екипи, поделени во два шешира со по 14 клубови.
Во првиот шешир се екипите на Порто, Нант, Загреб, Пик Сегед, Архус и Криенс Луцерн. Нив ќе им се приклучат победниците од групите во ЕХФ Европската лига. Сѐ уште има многу комбинации, но најверојатно таму ќе бидат и Флензбург, Гумерзбах, Кадетен...
Во вториот шешир покрај Вардар 1961 се уште и Партизан, Целје, Монпеље, Кристијанстад и Колстад. Нив ќе им се приклучат второпласираните екипи од групната фаза на ЕХФ Европската лига.
Плејоф натпреварите ќе се играат во февруари.