Од првак на женската ЛШ до селектор на Катар!

Машката репрезентација на Катар има нов селектор. На местото на Веселин Вујовиќ, очекувано, е назначен шпанскиот тренер Мартин Амброс.

Мартин Амброс е тренер со четири титули во Лигата на шампионите, петпати бил прогласуван за најдобар тренер во ЛШ, а има и селекторска бронза од Светското првенство...

Но, сето тоа го постигна во женскиот ракомет.

Првпат тренер на машка екипа стана годинава, кога направи трансфер во Катар, во екипата на Ал Духаил.

Коцките добро му се склопија. Катар беше во потрага по селектор, а Амброс веќе беше на лице место, па брзо беше најдено решение. Катарската федерација се договори со Шпанецот тој да ја води селекцијата до мај 2027 година, односно до квалификациите за Олимписките игри.