-
02.11.2026
-
Македонски ракомет
Foto: IHF/Kolektif
Шпекулацијата дека Андреас Волф ќе го напушти Кил добива сè посилна основа, а како негова следна дестинација сè почесто се споменува Гумерзбах. Договорот на германскиот репрезентативец со „зебрите“ истекува во 2028 година, но се отвора и можноста за предвремен трансфер, веќе во летото 2027.
Со ракометните трансфери што се договараат и по две-три години однапред, станува хаотично и комплицирано да се следи кој со кого преговара. Сепак, последните информации од Германија одат во прилог на сценариото дека Волф би можел да го напушти Кил.
Имено, германскиот репрезентативец Давид Шпет, голманот на Рајн Некар Левен и во моментов најдобро рангираниот голман во Бундеслигата според актуелната статистика (две места пред Мартин Томовски), би требало да им се приклучи на „зебрите“ како потенцијална замена за Волф.
Шпет, пак, минатата година го продолжи договорот со РНЛ и сега има активна соработка со клубот до 2029 година. Според германските медиуми, во договорот има и откупна клаузула за летото 2028 година.