Пионерите пред меѓународен предизвик: Македонија ќе игра против Црна Гора и Косово

Машката пионерска репрезентација на Македонија до 16 години ги продолжува активностите во пресрет на настапот на Регионалниот Челинџ Куп, кој од 6 до 7 ноември ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора.

Младите македонски ракометари одржаа собир во спортската сала „Расадник“ во Скопје, каде ги финализираа подготовките за турнирот на кој ќе се соочат со врсниците од Црна Гора и Косово, во рамките на групата Ц.

Првиот предизвик за избраниците од југозападниот регион, селектирани од македонскиот стручен штаб предводен од Никола Матлиески ќе биде дуелот со домаќинот Црна Гора, закажан за 6 ноември од 18:00 часот во „University Sports Hall“. Ден подоцна, на 7 ноември, Македонија ќе се соочи со Косово, во натпреварот кој ќе се игра од 13:00 часот во „Bemax Arena“.

За генерацијата М16 ова ќе биде уште една можност за меѓународно искуство и собирање натпреварувачко искуство против селекции од регионот.