Photo © Mkdhandball.mk
Селекторите на Македонија и Луксембург, Кирил Лазаров и Дидие Динар имаат не многу долга, но многи ефективна заедничка историја како ракометари на Сиудад Реал и Атлетико Мадрид. Лазаров и Динар имаат заеднички пет трофеи освоени во Шпанија и две финалиња на Лигата на шампионите.
Играа заедно две сезони од 2010 до 2012, потоа Динар ја заврши кариерата, а во 2013 Кирил Лазаров се пресели во Барселона.
Денеска прв пат ќе се сретнат на спротивставени страни во нивните нови (тренерски) професии. Динар пред да стане селектор на Луксембург беше селектор на Франција и на Црна Гора, а патем работеше и во С. Арабија додека Лазаров клупски го води Алкалоид и паралелно е селектор на Македонија.
Двајцата денеска прв пат еден против друг. Денеска беа објавени и составите на двата тима. Очекувано во македонскиот тим одлуката се кршеше кај позициите трет голман и трет десен бек, па за овој меч надвор од строј останаа Васил Гогов и Филип Николов.