-
05.11.2026
-
Планета ракомет
Photo: IHF / Kolektif
Репрезентацијата на Шведска не им дозволи на Грците да приредат ново изненадување во квалификациите и денеска без поголеми проблеми славеше победа, со која го затвори првото коло во групата „Х“, во која се уште и селекциите на Македонија и Луксембург.
Швеѓаните поведоа со 5-2, 7-3, 12-8... и го контролираа првиот дел, во кој се истакна нивната бековска линија предводена од Албин Лагергрен и Феликс Клар. Погодуваа кога требаше и Аксел Мансон и Лукас Сандел.
И кај Грците бековите Теодорос Боскос и Ахилеас Тоскас беа најефикасни, но нивниот придонес не беше доволен за тимот да фати подобар ритам.
На полувреме Шведска водеше со пет гола разлика (18-13), а така беше до 40. минута, кога од 24-20 направи серија со која стигна до водство од 29-20. Ако дотогаш Грците имаа и некаква шанса, тогаш таа дефинитивно беше избришана.
До крајот, натпреварот беше само формалност, за конечни 33-24.