Нови промени во екипата на Мартин Томовски

Продолжуваат промените во екипата на Мартин Томовски. По разделбата со тренерот Хартмут Мајерхофер, Битигхајм објави дека и Џибрил М'Бенге (34) ја завршува професионалната играчка кариера, но ќе остане во клубот и ќе ја преземе функцијата спортски координатор.

М'Бенге има 19 настапи за германската репрезентација, а во клупската кариера настапуваше и за Порто, со кој освои три шампионски титули во Португалија. Во Битигхајм пристигна во 2025 година.

Битигхајм пред два дена ја прекина соработката со тренерот Мајерхофер по 11 натпревари во Бундеслигата, во кои екипата освои само четири бода. До назначувањето на нов стратег, тимот ќе го води досегашниот помошник Мануел Шмит.