Најмладите на сцена во Ресен и Богданци

Ракометната федерација на Македонија продолжува со организација на турнири за помлади пионери (У13), овојпат во Западниот и Источниот регион.

Првиот турнир ќе се одржи утре, 7 ноември, во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, со почеток во 10:00 часот, додека во недела, 8 ноември, исто така од 10:00 часот, ќе се игра во салата „Младост“ во Богданци.

Натпреварите од двата турнира ќе можат да се следат во живо преку YouTube преноси.