Франција и Германија објавија каде ќе се игра СП 2029

Фото: IHF

До стартот на СП 2027 има уште полни два месеца, а Германците веќе ги направија плановите а СП 2029 на кое тие ќе бидат коорганизатори, заедно со Франција.

Германија и Франција ги објавија градовите во кои ќе се игра Светското првенство во ракомет во 2029 година. Двете земји заеднички ќе го организираат шампионатот, а натпреварите ќе се играат во шест градови.

Германија ќе биде домаќин во Берлин, Хамбург и Келн, додека во Франција натпреварите ќе се играат во Стразбур, Лион и Париз.

Германската репрезентација ќе го започне настапот во Берлин, додека завршницата на шампионатот, вклучувајќи го финалето, ќе се одржи во Париз.

Ова ќе биде следното големо ракометно домаќинство на Германија по Светското првенство во 2027 година, кое ќе го организира самостојно.