-
06.11.2026
-
Планета ракомет
Фото: РК Загреб
Ракометниот клуб Загреб влегува во ново поглавје во своето функционирање. Хрватскиот шампион официјално го претстави Дамир Бичаниќ за нов директор на клубот, на местото на Ведран Шупуковиќ, кој ја извршуваше оваа функција од есента 2017 година.
Неговата поврзаност со клубот е многу подолга, бидејќи претходно настапуваше и како играч, а по завршувањето на кариерата во 2020 година беше задолжен за меѓународни односи и соработка со европските и регионалните ракометни институции.
Новиот директор има богата играчка кариера зад себе во која има и пет медали од големите натпреварувања. Меѓу нив се бронзата од Олимписките игри во Лондон во 2012 година, бронзата од Светското првенство во Шпанија во 2013 година и среброто од Европското првенство во Австрија во 2010 година.
На прес-конференцијата Бичаниќ ги коментираше и досегашните настапи на Загреб во Лигата на шампионите. Тој оцени дека екипата одиграла добра европска сезона, особено ако се земе предвид дека пред почетокот биле ангажирани осум нови ракометари и нов тренер. Загреб ја заврши групната фаза со шест освоени бода, а Бичаниќ жали што во новиот формат нема да продолжи со европски натпревари во ноември и декември.
„Во три од четирите натпревари игравме рамноправно, еден и победивме, против ПСЖ, можеби најбогатиот европски клуб во последните 15 години, и Алборг, кој минатата сезона настапи на Ф4 во Лигата на шампионите“, истакна Бичаниќ.