Интерактив најде замена за Лазаров, Добрковиќ ќе ја води Дукоска

Германскиот клуб Интерактив најде замена за македонскиот тренер Филип Лазаров. Германците ситуацијата ја решија со назначување на Станко Сабљиќ за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим. Сабљиќ е дел од клубот од 2021 година, а досега работел како тренер на вториот тим, спортски директор за сениорските категории, координатор за развој на спортот и тренер на младинскиот тим до 19 години.

Македонската интернационалка Теодора Дукоска која настапува за словачката екипа Јувента Михаловце, од денеска има нов тренер. Екипата во иднина ќа ја води црногорскиот тренер Марко Добрковиќ. Тој, пак, своевремено, во сезоната 2005/06 беше ракометар на македонскиот Вардар.

Германскиот голман Тил Климке, своевремено соиграч на Филип Миркуловски во Вецлар, реши по две години минати во данскиот тим Хој да си замине од проектот. Климке дојде во Хој како дел од бројните звучни засиувања кои не успеаја да го одбранат прволигашкиот статус на клубот, па сега играат во Втората лига. Засега нема други информации за тоа какви се неговите планови за идната сезона.