Триумф за самодоверба: Пионерите го надиграа Косово во финишот

Машката пионерска репрезентација на Македонија (играчи селектирани од Југозападниот регион), ја забележа првата победа на Регионалниот Челинџ куп, откако во неизвесен натпревар го совлада Косово со 35-33.
Македонските ракометари мораа да бркаат негатива во поголемиот дел од средбата. Косово имаше водство од 9-5 и 12-7, а Македонија успеа да се врати и да израмни на 16-16. Сепак, противникот повторно ја презеде иницијативата и одржуваше предност од еден до три гола сè до 28-28.
Во завршницата нашите пионери конечно ја презедоа контролата. По последното израмнување на 32-32, Македонија направи серија од 3-0, поведе со 35-32 и ја осигура првата победа на турнирот.

Важен триумф по вчерашниот пораз од Црна Гора (20-26), со кој младите македонски ракометари покажаа карактер и способност за резултатски пресврт.