ТВ ПРЕНОС: ГРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра натпреварот од второто коло од квалификациите за ЕП 2028.
По убедливата победа од 41-23 над тимот на Луксембург, македонската репрезентација денеска ќе го игра и првиот гостински натпревар. 
Противник е тимот на Грција, а натпреварот ќе се игра во Халкида.

ТВ Пренос од натпреварот ќе има на ТВ Арена М3 Премиум, со почеток од 16:00 часот.