-
08.11.2026
-
Планета ракомет
Photo: IHF/ Kolektiff
Што им се случува на фаворитите кога ќе влезат без вистински пристап во натпреварот, па уште и ќе направат двоцифрен број технички грешки и ќе промашат исто толку зицери?
Словенија му демонстрираше практичен одговор на ракометниот свет.
Израел е творецот на засега единствената сензација во квалификациите. Откако во првото коло само еден гол ги делеше од бод против Чешка, во второто коло, предводени од партизановецот Јоав Лумбросо, ја совладаа Словенија во Целје (31-28) и практично си го визираа патот кон ЕП 2028.
Словенија е веројатниот противник на Македонија во главната фаза на Светското првенство што ќе се игра во Германија во јануари. Под услов двете репрезентации да ја минат првата рунда, нивниот дуел ќе се игра во Хановер, каде што ќе се вкрстат двете групи.
Овој пораз ги разоткри слабостите во играта на Словенците, но тоа не значи дека е добра вест. Ако дебаклот со Израел ги разбуди словенечките ѕвезди, од типот на Јанц, Макуц, Благотиншек итн., тогаш приказната на СП ќе биде многу поинаква.