Васил Гогов во тимот на Македонија, две измени кај Грција

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, за денешниот дуел со Грција, кој ќе се игра во Халкида со почеток во 16:00 часот, направи една измена во составот во однос на натпреварот со Луксембург, одигран во средата во Скопје.

Промената е на голманската позиција, каде што на местото на Иван Галевски, на мечот со Грција ќе биде голманот на Вардар 1961, Васил Гогов.

Промена на голманската позиција има и во тимот на Грција во однос на натпреварот со Шведска, кој го загубија со 24-33. Во составот го нема Елефтериос Папазоглу, а повикан е Панагиотис Папантонопулос. Селекторот Георгиос Заравинас направи уште една замена, па така на местото на Папавасилис во составот ќе биде Цимпулас.

Грција:
Петрос Буковинас, Панаjотис Папантонопулос,Евангелос Арампаѕис, Стефанос Михаилидис, Георгиос Елефтеридис, Теодорос Боскос, Димитриос Панаjоту, Николаос Пасијас, Ахилеас Тоскас, Михаил Некариос Сатис, Григориос Цимпулас, Атанасиос Папазоглу, Николаос Љапис, Ставрос Алексиу, Елефтериос Пагиатис, Николаос Ѕорѕинис

Македонија:
Мартин Томовски, Васил Гогов, Мартин Велковски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Филип Кузмановски, Александар Петковски, Дамјан Митев, Димитрo Горигa, Никола Костески, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Петар Атанасијевиќ, Самоил Ристeвски, Мартин Серафимов