РФМ најави жалба поради кратенката во грчкиот ТВ-пренос

Македонија загуби од Грција на ракометниот терен, но спортскиот дуел помина во мирна атмосфера, без инциденти ниту на теренот ниту на трибините. Сепак, грчката телевизија се погрижи да внесе непотребна провокација во ТВ-преносот, користејќи несоодветна кратенка за името на нашата држава.

Наместо меѓународно признатата кратенка МКД, во преносот беше користена ознаката НМКД, со која Грција ја означува Северна Македонија. Оваа постапка предизвика реакција кај раководството на Ракометната федерација на Македонија, од каде што најавија дека ќе биде поднесена официјална жалба.


ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ
Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.
Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина