Горан Крстевски има нов клуб во Израел

Македонскиот ракометар Горан Крстевски има нов клуб. Средниот бек и во продолжението на сезоната ќе игра во Израел, но во друг клуб. Тој од Охрид премин во екипата на Нес Циона, а новиот тим на Крстевски е Макаби Реховот, кој официјално го објави неговото пристигнување.

Крстевски доаѓа во новата средина со богато меѓународно искуство. Во досегашната кариера настапуваше за Металург, Еурофарм, австриски Линц, Фоча Романија и Охрид, а има и искуство од настапите во европските клупски натпреварувања.

Макаби ќе се бори за опстанок во првенството, а еден од најголемите ривали, ќе му биде поранешниот клуб, Нес Циона. 

Од Макаби Реховот го претставија како засилување кое треба да донесе квалитет во организацијата на играта и стабилност во бековската линија. Израелскиот клуб му посака успешни настапи и добредојде во екипата.