Полскиот пивот останува во Вардар до 2028

РК Вардар продолжува со градењето на составот за следните сезони, откако го продолжи договорот со полскиот репрезентативен пивот Виктор Јанковски. Тој ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку до 2028 година.
Виктор Јанковски дојде во Вардар во летото 2025 година, за сезоната 2025/26. Претходно настапуваше за полскиот Квиджун, а пред тоа беше дел и од Висла Плоцк.
Јанковски во изминатиот период се наметна како важен дел од екипата, а неговото останување е потег на вардарци во насока на задржување на играчите кои имаат значајна улога во тимот.