Дали и Ѓер влегува во криза: На повидок распад на ѕвездениот состав?

Еден од најмоќните клубови во женскиот ракомет, унгарскиот Ѓер, се соочува со сериозни финансиски проблеми, кои би можеле да предизвикаат големи промени во играчкиот состав, но и во односот на силите во европскиот ракомет.

Информацијата ја објави данската телевизија ТВ2, повикувајќи се на свои извори, а ја пренесоа и повеќе унгарски медиуми. Според нивните сознанија, раководството на клубот побарало од ракометарките да прифатат драстично намалување на платите, кое би можело да достигне и до 50 проценти. На оние кои нема да се согласат, наводно, би им било овозможено да заминат и пред истекот на договорите, доколку заинтересиран клуб плати соодветно обесштетување.
Во екипата на Ѓер има две ракометарки од Данска,

Според информациите на унгарските медиуми, ракометарките на состанокот минатиот вторник биле известени дека клубот влегува во потежок финансиски период. Сепак, октомвриските плати биле исплатени во целост, па засега нема потврда дека станува збор за проблеми со редовното сервисирање на обврските кон играчите.

Даночните промени и државното финансирање се во фокусот на можната криза на унгарскиот клуб.

Од клубот не ги потврдија наводите за преполовување на платите. Во одговорот до данската ТВ2, Ѓер порача дека договорите меѓу ракометарките и клубовите се доверливи, а шпекулациите засновани на чувствителни интерни информации можат да им наштетат на играчите, клубовите и на угледот на женскиот ракомет.