-
09.11.2026
-
Планета ракомет
Foto: Maja Nastic/ RK Partizan
Почна расплетот на кризата во Партизан. Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка, а со неговото заминување, согласно Статутот на клубот, престана да функционира и досегашниот Управен одбор.
Одлуката беше официјализирана по денешната седница во просториите на клубот на стадионот на Партизан. Како што соопштија црно-белите, Жугиќ оставката ја образложил со неможноста за обезбедување финансии поради новонастанатата ситуација со блокадата на банката, оценувајќи дека тоа е единствената исправна и одговорна одлука кон клубот кој го водеше од 2023 година.
Покрај Жугиќ, од раководната структура заминуваат и Дане Шијан, Момчило Мандиќ, Зоран Анѓелковиќ и останатите членови на досегашниот Управен одбор.
Од клубот уверуваат дека промените во раководството нема да влијаат врз амбициите на екипата, која сака да ги одбрани домашните трофеи, а ја очекува и настап во плеј-офот на Лигата на Европа.
Од друга страна веќе се зборува дека на играчите ќе им бидат одврзани рацете да си најдат нов клуб. Дополнително, Раул Гонзалез заминува од тренерската позиција, а екипата ќе ја води досегашниот асистент Марко Павловиќ.
Во Партизан играат неколку играчи што ќе бидат особено интересни за Европа, но и за македонскиот пазар.