Се разделија ЧСМ Букурешт и Бојана Поповиќ

ЧСМ Букурешт и црногорската тренерка Бојана Поповиќ ја прекинаа соработката по нешто помалку од една година. Разделбата доаѓа само три дена по катастрофалниот пораз на романскиот тим на гостувањето кај Брест Бретањ (25-40) во Лигата на шампионите.

Петнаесетте гола разлика во Франција беа еден од најтешките европски порази во поновата историја на ЧСМ, кој по седум одиграни кола во Лигата на шампионите има биланс од три победи и четири порази.

Ниту резултатите во домашниот шампионат не беа целосно според очекувањата на амбициозниот клуб од Букурешт. ЧСМ ремизираше со Баја Маре (32-32), па моментално се наоѓа на втората позиција на табелата.

Од клубот потврдија дека разделбата е спогодбена и дека резултатите во последниот период не биле на посакуваното ниво и под амбициите на раководството.

На местото на Поповиќ доаѓа Јулија Курea, која досега беше дел од стручниот штаб на романскиот тим.