-
10.11.2026
-
Планета ракомет
Левиот бек на Целје, Урош Миличевиќ, подолго време беше поврзуван со трансфер во францускиот Монпелје, и тоа како замена за Бразилецот Хуго Брајан Монте, кој би требало да се пресели во Барселона.
Но, наместо во Франција, Миличевиќ би можел да заврши во Македонија, покрај езерото. Според денешните шпекулации, српскиот ракометар е блиску до договор за трансфер во Охрид од следната сезона.
Распадот на Партизан почна со разделбата со тренерот Раул Гонзалез, а продолжи со Милош Кос. Клубот официјално ги потврди двете разделби. Каде ќе ја продолжи кариерата Раул сè уште не е познато, додека Кос веќе е нов ракометар на германскиот Вецлар.
Српските медиуми информираат дека странските ракометари веќе го напуштиле клубот, а раководството ги откажало и становите на домашните играчи кои не се од Белград.
Германскиот Флензбург се раздели со репрезентативецот Лука Вицке. Разделбата стапи на сила веднаш, па тој веќе во среда би можел да дебитира за својот нов клуб – Хамбург.
Вицке пристигна во Флензбург во 2025 година од Лајпциг, но не успеа да се избори за посакуваната минутажа и улога во тимот. Поради тоа, клубот му даде одврзани раце да побара нова средина во која ќе има поголема одговорност и поважна улога.
Германските ракометни медиуми најавуваат поголеми промени во играчкиот ростер на Рајн Некар Левен. Дел од шпекулациите се актуелни подолго време, како трансферот на голманот Давид Шпет во Кил и заминувањето на Хаукур Трастарсон во Гумерзбах.
Сега, на списокот на потенцијални заминувања се додадени и поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац, како и Кентан Мае, кој беше трансферна желба на Е. Пелистер во летниот преоден рок