Милош Валах продолжува со Вардар

Полскиот голман Милош Валах ќе ја продолжи македонската авантура и во наредната сезона. Црвено-црните денеска објавија дека тој ќе ги брани боите на РК Вардар и во сезоната 2027/28. Претходно продолжување на договорите потпишаа Фадуил и Јанковски, па црвено-црните следната сезона нема многу да менуваат, а и нема зошто да менуваат.

Милош Валах беше одличен на неколку натпревари во Лигата на шампионите, особено на натпреварот со Нант во гости и новиот договор е логичен развој на настаните.

На заедничко задоволство, нашиот голман Милош Валах потпиша нов договор и тој ќе биде наш член најмалку до 2028-ма година. Валах дојде од екипата на Киелце и веќе две години бележи одлични настапи со што се наметна како прв голман во екипата, и репрезентативец на својата земја.