Нексе му прекина на Загреб серија од 86 победи

Photo: RK Nexe

Нексе го победи Загреб со 35:30 (18:14) во дербито од деветтото коло на хрватското првенство и му ја прекина серијата од 86 натпревари без пораз во домашниот шампионат!

Последниот првенствен пораз Загреб го претрпе токму во Нашице, во мај 2023 година, исто така од Нексе. Сега, по три и пол години, домаќинот повторно го сруши најголемиот ривал и ја прекина неговата неверојатна серија во домашниот шампионат.

Загреб е веројатно единствениот машки клуб во светот кој со децении е константен шампион во својата земја. Откако се осамостои Хрватска, Загреб е единствениот клуб кој ја освојувал титулата, со еден исклучок – Метковиќ Јамбо своевремено успеа да го симне од тронот. Но, по една од најголемите спортски контроверзи, Загреб административно се врати на тронот, по што Метковиќ престана да вложува во клубот.

Подоцна на сцената се појави Нексе, првично замислен како филијала на Загреб, но кој многу брзо прерасна во негов најголем ривал.