Мораеш ќе си оди од Монпеље

Photo: RK Vardar

Поранешниот вардаров ракометар, Рожерио Мораеш ќе го напушти Монпеље на крајот од сезоната. Францускиот клуб официјално ги објави разделбите со Мораеш и Матео Кај, кои по завршувањето на актуелната сезона ќе заминат од тимот.

Според информациите на локалниот портал „Montpellier Actualité“, Монпеље одлучил да не ја активира опцијата за дополнителна година во договорот на бразилскиот репрезентативец. Тоа, пак, значи дека не станува збор за предвремено раскинување, туку за разделба по истекот на актуелната соработка.

Францускиот клуб е активен на трансфер пазарот и работи на реконструкцијата на линијата од шест метри и ги обезбеди услугите на Теo Егерман и Антоан Сол. Двајцата кружни напаѓачи ќе пристигнат во Монпелје во јуни и потпишаа договори до 2030 година.


Мораеш, кој во минатото го носеше дресот на Вардар и беше дел од генерацијата што ја освои Лигата на шампионите во 2017 година, во Монпелје пристигна во 2025 година. Засега нема официјална информација каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од францускиот клуб.