Охрид трасираше пат кон ТОП 16 во ЕХФ Куп

КЛАИПЕДА ДРАГУНАС – ГРК ОХРИД 19-30 (7-13)
Цесна 5, Јускенас 4 – Зечевиќ 7, Мате 7

Екипата на Охрид денеска го трасираше својот пат кон Топ 16 на ЕХФ Куп откако на првиот меч од пресметката со литванската Клаипеда Драгунас оствари победа од 11 гола разлика. Имајќи предви дека и реванш натпреварот ќе се игра во Охрид, утре, пласманот на македонскиот тим во следната фаза е практично обезбеден.
Литванскиот тим се прикажа во солидно издание, но имаше сила да ја игра својата игра само 20-тина минути. Поточно 22 кога последен пат беше резултатски блиску (7-6).
Потоа мечот беше во целост под контрола на Охрид кој до крајот на полувремето направи серија од 6-1 и на одмор замина со предност од 13-7.

Малку отпор од гостинскиот тим имаше на почетокот на вториот дел, направија серија од 4-0 за да се доближат до 11-14 и потоа одново сѐ беше во знакот на македонскиот тим.
Во финшот на натпреварот Охрид уште еденаш притисина, ос 21-17 стигна до 28-17 и потоа мирно го приведе мечот до крајот.
Утре со почеток од 18:00 часот ќе се игра и реванш натпреварот и ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена Македонија.