АЕК профитираше од кризата во Партизан

Фото: РК Партизан

По Вецлар и Мешков Брест, грчкиот тим АЕК е третиот клуб што профитираше од распадот на играчкиот тим на Партизан и доведе во своите редови големо засилување – Никола Црноглавац.

Еден од најдобрите играчи на Партизан во последните две години е ракометар од позицијата десен бек и ќе ја комплетира позицијата на која во моментов се наоѓаат Александрос Кокулас и Гиљерме Соуса.

АЕК кој беше во сериозен конфрликт со Партизан пред две сезони во Евопа, по една година суспензија се врати во ЕХФ Куп и таму е во вториот шешир што го прави потенцијален противник на Акалоид и Охрид во ждрепките за ЕХФ Европскиот Куп