Томовски доби шпански тренер

Германскиот бундеслигаш Битигхајм, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, го реши тренерското прашање. По слабите резултати и разделбата со тренерот Хартмут Мајерхофер, раководството на клубот се одлучи за шпански тренер – Себастиан Салват.

39-годишниот шпански стратег се враќа во Битигхајм, каде што во периодот од 2021 до 2024 година работеше како асистент на Икер Ромеро. Во тој период беше дел од стручниот штаб кој го избори пласманот во Бундеслигата, а истовремено работеше и со младинските категории на клубот.

Салват последните две години ги помина во Австрија, на клупата на ЈАГС Фелсоу, каде што остави одличен впечаток. Во сезоната 2025/26 го предводеше клубот до историската прва шампионска титула во Австрија, а во плеј-офот неговиот тим не забележа ниту еден пораз. За успешната сезона беше прогласен за најдобар тренер во австриското првенство, а со Фелсоу го освои и Суперкупот во 2026 година.