Хернинг пред Копенхаген: Три првенства во иста сала?

Foto: Mkdhandball

Данскиот град Хернинг ја добри трката со Копенхаген и ќе биде домаќин на три големи ракометни натпреварувања во периодот од 2030 до 2032 година. По прегледот на понудите, Данската ракометна федерација ги додели организациските права за следните три првенства на арената „Јуске Банк Боксен“.

Станува збор за машкото Европско првенство во 2030 година, Светското првенство за мажи во 2031 година и женското Европско првенство во 2032 година.

Хернинг и покрај лимитираните сместувачки капацитети ја доби оваа трка, веруваме на незадоволство на најголемиот број на фанови надвор од Данска. За разлика од Копенхаген, градот е мал и речиси нема ништо атрактивно да понуди особено во декември-јануари.
Сите настани се сместени во Јуске Банк Боксен, но таа пак е адаптирана, има огромен саемски простор со капацитет за повеќе од 20.000 луѓе во кој има бројни активности за фановите. Комплименти заслужено доби за организацијата на ЕП 2026, па сепак, уште три настани едноподруго во истата сала е можеби премногу.