Марковиќ одбра 19 ракометарки за турнирот во Турција

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ, го објави списокот на 19 ракометарки на кои ќе смета за настапот на турнирот во Турција, во рамките на Неделата на ЕХФ. Неделата на ЕХФ всушност и не е Недела на ЕХФ туку почеток на финалната фаза пред ЕП кое следи една недела подоцна. 

Македонската репрезентација во декември ќе настапи на Европското првенство, кое за првпат ќе се организира во пет држави. Нашата селекција натпреварите од прелиминарната фаза ќе ги игра во романскиот град Клуж, каде што за противници во групата ќе ги има Норвешка, домашната Романија и Швајцарија.

Пласман во главната рунда ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.

Списокот на Марковиќ за турнирот во Турција, на кој покрај Македонија ќе настапат и Финска и Италија, во најголема мера го сочинуваат ракометарките од кои се очекува да биде избран и конечниот состав за Европското првенство.