Прво дерби на новиот Партизан

Фото: РК Партизан


Екипата на Партизан денеска ќе игра дерби меч со Металопласитка под водство на новиот тренер и со само еден странски играч во ростерот.

Шпанецот Мигел Санчез Мигаљон е единствениот што се појави на тренингот на црно-белите, но и тој за шпанските медиуми изјавил дека е во активна потрага по нов клуб.

Од екипата заминаа тренерот Раул Гонзалез, бековите Милош Кос и Никола Црноглавац и рускиот репрезентативец Сергеј Иванов. На тренинг не дошле Лумбросо, Вагнер и Чордалија, додека Белорусинот Власидлсав Кулешов актуелната ситуација ја искористи за операција на дискус хернија и сеедно немаше да биде во тимот.