Бедемот на Е. Пелистер: „Уживање беше да се игра вечерва“

Репрезентативниот голман Никола Митревски беше решавачкиот фактор во пресвртот и победата на Еурофарм Пелистер над германскиот Гумерсбах. Имаше добро прво полувреме, но блесна во продолжението. Го одржуваше својот тим во игра кога нападот не функционираше, а потоа одбрани во моментите кога требаше да се направи пресвртот.

„Беше уживање да се игра пред ваква публика, со ваква поддршка. Сакам да им се заблагодарам на навивачите што беа со нас и ни даваа поддршка и кога не ни одеше.

Направивме грешки во првиот дел, но потоа успеавме да се консолидираме и да одиграме како што сакаме... Како што реков, беше емотивно и сакам да им честитам на сите мои соиграчи за тоа што го направија вечерва“, изјави Никола Митревски.