-
19.11.2026
-
Македонски ракомет
Два дена по големата победа над Гумерсбах, екипата на Еурофарм Пелистер е поразена на првенствениот дерби-натпревар со Алкалоид во Скопје. Домашниот состав го контролираше натпреварот од воведните минути и не им даде шанса на битолчани да изведат уште еден пресврт. По мечот, тренерот на битолчани, Лино Червар, кратко коментираше:
„Не бевме рекуперирани, немавме доволно време. Имавме тежок натпревар пред два дена, имаше еуфорија, малку славење и веднаш нов тежок натпревар. Немавме доволно свежина во играта и тоа се забележуваше особено кај лидерите во екипата. А знаете како е, иако колективот ја носи победата, сепак во колективот мора да имате играчи што ќе повлечат и целиот тим гледа во нив. Па кога нема да оди, тогаш не му оди на целиот тим. Вечерва бевме Никола (Митревски) против сите. Тој одржуваше, мотивираше, но немавме доволно свежина. Овој ритам е многу тешко да се издржи. Сега нѐ очекува Гдањск, па Охрид, па одново меч во Европа“, коментираше Лино Червар по натпреварот.