-
19.11.2026
-
Македонски ракомет
Алкалоид одигра одличен натпревар против Еурофарм Пелистер, освои многу важни бодови на суперлигашкото дерби, ја крена самодовербата и го подобри амбиентот пред неделниот прв дуел со Горење во рамките на ЕХФ Европскиот куп.
„Одигравме екстра квалитетен натпревар, и ние и Пелистер. Сакам да им честитам за фер-плеј играта. Се играше тежок и цврст македонски ракомет. Ја одигравме нашата најквалитетна партија сезонава, конечно во комплетен состав, иако сè уште не сме во најдобра физичка кондиција.
Очекувам дека во иднина ќе растеме. Имаме многу за работа, но сум многу задоволен од пристапот и желбата на нашите играчи.
Од друга страна, свесен сум дека добиен натпревар не смееме повторно да го доведеме во неизвесна завршница. Ќе го тренираме и тој сегмент, ќе имаме помирни и почисти глави и ќе знаеме како да го завршиме натпреварот. Ова е проблем на кој ќе мора да работиме во иднина.
На прашањето за тактичката битка со Лино Червар, односно за првиот меѓусебен тренерски дуел на Кирил Лазаров и искусниот хрватски стратег, Лазаров изјави:.
„Никогаш не можете да го надмудрите Лино. Многупати сум се консултирал со него за различни работи поврзани со националниот тим, а неговите совети секогаш се добредојдени. Тешко дека некој може да го надмудри и надмине, бидејќи тој е светски и олимписки првак, има осум или девет медали. Ова е само еден натпревар. Чест и задоволство ми е што ние како Македонија, но и јас како тренер, повторно го имаме тука. Македонија може само да профитира од него“.