Менаџерите веќе бараат клубови за играчите на Ѓер

Финансиската криза во Ѓер влегува во нова фаза и сѐ поизвесно е дека седумкратниот европски шампион секој ден е поблиску до банкрот. Она што досега беше приказна за финансиски проблеми, сега почнува директно да се одразува и врз играчкиот кадар.

Челниците на данските екипи Оденсе и Есбјерг информираа дека менаџерите на ракометарките на Ѓер веќе ги нудат своите клиенти на овие два клуба. Во овој момент станува збор за пет-шест ракометарки. Можеме со сигурност да кажеме дека не се само овие два клуба што добиваат понуди за играчите на Ѓер.

Дополнителна неизвесност создава и иднината на спонзорството од Ауди. Компанијата потврди дека ќе ги исполни обврските од актуелниот договор, кој важи до крајот на сезоната 2026/27, но засега нема гаранции дека соработката ќе продолжи и потоа.

Ситуацијата потсетува на онаа во машкиот Партизан, каде што уште во првиот бран замина речиси половина тим.