Дамјан Митев: Можеме да напишеме историја

Photo: RK Alkaloid

Крајот на сезоната е периодот во кој Алкалоид постојано е на терен. Секој нов натпревар носи епитет „нај“ за екипата која за само три години откако настапува во најсилната конкуренција ја разбрнува водата во македонскиот ракомет, успеа да осово два пехара на домашната сцена и да стигне до финалниот меч за пехар и во Европска конкуренција.

Ова е постигнато со тим во кој 90% од ракометарите се македонски, а голем дел од нив се под 23 години. Промовирањето на нови играчи стана дел од клупската стратегија, а еден од нив е Дамјан Митев. Помладиот брат на плејмејкерот Марко Митев минатото лето ги предводеше кадетите на ЕП, играше и за јуниорскиот тим, а сега му се отвори шанса да игра и за првиот тим и тоа во забележителна улога.

Огненото крштевање беше во Сандефјорд, имаше настап за репрезентацијата и сега одново ќе биде во првите борбени редови во Атина и Скопје.

Поминавме тежок пат, но доаѓаме до момент кога можеме да испишеме историја на клубот и да го освоиме пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот меч го играме на гостински терен и ќе биде клучно да бидеме максимално фокусирани. Се подготовуваме за противникот имаме имаме квалитет, можеме да ја оствариме целта.

Во финалната серија влегуваме по успешен настап со репрезентацијата. Тоа секако позитивно влијае врз самодовербата и ќе биде мотивирачки момент и за престојните натпревари со АЕК во финалето“, изјави Дамјан Митев.

Поврзани вести