Светска голманска легенда ја завршува кариерата

Photo: MKD Handball

Сезонава ќе биде последна во кариерата на еден од најмаркантните голмани на денешницата, голманот на женската репрезентација на Франција, Клеопатре Дарло. 
Дарло во ракометна пензија оди на прагот на својата 36 година. Има настапено на 13 СП, ЕП и ОИ, а кариерата ја завршува со освоено злато на Олимписки игри и Светско првенство и по едно сребро од ОИ, три од СП и едно од Европско првенство. 
Беше прогласена за најдобар голман на ЕП 2022 што се одржа во Македонија.
На клупски план од 25 години кариера, само две години играше надвор од Франција, во данскиот Виборг. Има пехар од Европската лига и настап во финалето на Лигата на шампионите. Во моментов игра за екипата на Мец. 

Поврзани вести